Македонија

(ВИДЕО) БИЗАРНО И СКАНДАЛОЗНО ТВРДЕЊЕ: Адвокатот на Ива Михајлова тврди дека Муцунски ја организирал сообраќајката во која Ива усмрти човек!?

(ВИДЕО) БИЗАРНО И СКАНДАЛОЗНО ТВРДЕЊЕ: Адвокатот на Ива Михајлова тврди дека Муцунски ја организирал сообраќајката во која Ива усмрти човек!?

Адвокатот на Ива Михајлова тврди дека ја штити својата клиентка и дека таа нема да биде уапсена за сообраќајката со смртни последици во која учествувала. Но, лудилото и измислиците немаат крај. Сега тој го обвинува министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски дека ги штити лицата од другото возило, тврдејќи дека тие работеле на неговата викендичка. Ива Михајлова во изјава за бугарската телевизија bTV исто така упати обвинувања кон Муцунски и тврди дека лицата од другото возило биле поврзани со изградба на викендичка на министерот или на негов близок.

Станува збор за сериозни обвинувања за кои во објавените информации не се приложени докази што ги потврдуваат. Муцунски претходно изјави дека извршната власт не треба да се меша во судските одлуки по случајот.

Дали Михајлова ја напуштила Македонија спротивно на изречените мерки?

Видео извор: bTV