Магазин

КИПАР ИМА НАЈЧИСТИ ВОДИ ЗА КАПЕЊЕ ВО ЕВРОПА: Грција, Бугарија и Австрија меѓу најдобрите

Најчисти води за капење во Европа има Кипар, според нов извештај на ЕЕА, а меѓу најдобрите се Грција, Бугарија и Австрија.

КИПАР ИМА НАЈЧИСТИ ВОДИ ЗА КАПЕЊЕ ВО ЕВРОПА: Грција, Бугарија и Австрија меѓу најдобрите

Нов извештај на Европската агенција за животна средина, изработен во соработка со Европската комисија, ги рангира европските земји според квалитетот на водите за капење на плажите, езерата и реките.

Според извештајот, на европско ниво 96% од водите за капење ги исполниле минималните стандарди за квалитет, додека 85% добиле највисока оценка – „одличен квалитет“. Само 1,5% од следените места биле оценети како лоши.

На првото место е Кипар, каде што сите следени места за капење добиле оценка „одличен квалитет“. По него следуваат Грција, Бугарија и Австрија, со повеќе од 95% од водите за капење оценети со највисока оценка. Луксембург ја заокружува првата петорка.

Хрватска годинава е на 12. место, додека на дното на листата се Албанија, Естонија, Полска, Унгарија и Белгија. Според извештајот, морската вода во Европа генерално е почиста од езерата и реките.

ОЗНАКИ: Плажа