Економија
Дознај прв
УНГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПРЕДЛАГА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА МАНДАТИТЕ: Пратениците најмногу 12 години во парламентот
Ограничување на мандатите предлага унгарскиот премиер Петер Маѓар – пратениците да остануваат најмногу 12 години во парламентот.

Унгарскиот премиер Петер Маѓар предложи пратениците во парламентот да имаат ограничен мандат од најмногу 12 години. Предлогот е дел од поширок пакет уставни реформи, а Маѓар го објавил на Фејсбук, наведувајќи дека станува збор за амандман доставен до парламентот. Според најавите, ограничувањето би почнало да важи по следните парламентарни избори во 2030 година, што значи дека нема да се однесува на актуелниот парламентарен состав.
Промени во политичкиот систем
Оваа иницијатива доаѓа откако партијата Тиса, која има двотретинско мнозинство, во јуни одобри уставен амандман со кој се ограничува мандатот на премиерот на два четиригодишни мандати. Со тоа, според објавените информации, се спречува поранешниот премиер Виктор Орбан повторно да се врати на власт, а истите правила би важеле и за Маѓар доколку повторно биде избран.
Реформи и критики
Маѓар тврди дека предлогот добил силна поддршка од јавноста, иако дел од општеството реагирало со критики бидејќи мерката не била дел од неговиот изборен манифест. Уставниот пакет, кој може да биде одобрен во наредните недели, предвидува и промени во судството, како ограничувања за возраста и мандатот на уставните судии и членовите на Врховниот суд. Целта, според најавите, е подмладување и деполитизација на институциите.
