Македонија
Дознај прв
ГРУБИ ОД ДЕНЕСКА Е СЛОБОДЕН ГРАЃАНИН: Му истече куќниот притвор, но не може да ја напушти државата
На Артан Груби денеска му истекува куќниот притвор. Пасошот останува одземен, а забраната за преминување на границата продолжува да важи.

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби од денеска, 13 октомври, повеќе не е под мерка куќен притвор, откако истече законскиот рок за нејзиното траење. Одлуката за непродолжување на мерката значи дека тој ќе може слободно да се движи, додека судската постапка против него продолжува. Груби е обвинет во случајот поврзан со работењето на Државна лотарија, во кој се истражува проневера на државни средства.
Пасошот на Груби останува одземен
Иако куќниот притвор истекува, за Груби останува на сила мерката за привремено одземање на патната исправа, како и забраната за издавање нов документ за преминување на државната граница. Тоа значи дека ќе може слободно да се движи во земјата, но нема да може да патува во странство.
Постапката за случајот „Државна лотарија“ продолжува
Груби се врати во Македонија во февруари годинава, по повеќе од една година бегство, и беше приведен на граничниот премин Блаце. Потоа му беше определен куќен притвор, а случајот се однесува на сомневањата за проневера поврзана со набавката на ВЛТ-апарати за Државна лотарија. Истекувањето на мерката не значи дека постапката против него е завршена.
