Хроника

ГОЛЕМА АКЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА: Се сузбива нелегална сеча на дрва

Шумската полиција заплени над 500 кубни метри нелегално исечени дрва и поднесе 140 пријави во засилени акции низ Македонија.

ГОЛЕМА АКЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА: Се сузбива нелегална сеча на дрва

Шумската полиција спроведе засилени акции против нелегалната сеча на дрвја низ Македонија, при што во текот на септември и почетокот на октомври биле запленети над 500 кубни метри нелегално исечена дрвна маса. Во рамки на акциите биле поднесени 140 пријави, а привремено биле одземени и возила и опрема користени за незаконска сеча и транспорт на дрва.

Запленети возила и опрема

При контролите биле одземени 13 товарни и 17 патнички возила, девет трактори, моторни пили, приколки, секири и други предмети поврзани со незаконските активности. Акциите се спроведуваат паралелно со редовните контроли, со посебен фокус на подрачјата каде што дејствуваат организирани групи на дрвокрадци. Целта е да се спречат нелегалната трговија и снабдувањето со дрва преку недозволени канали, со што се нанесува штета на шумскиот фонд.

дрва

Апел за купување дрва од легални извори

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски порача дека засилените акции ќе продолжат и во наредниот период на целата територија на државата. Министерството апелира до граѓаните да купуваат огревно дрво само од лиценцирани продавачи и складови, а сомнежите за незаконска сеча, транспорт и продажба да ги пријавуваат до Шумската полиција и другите надлежни органи.

дрва