Дознај прв
(ФОТОГАЛЕРИЈА) СКОПЈЕ СЕ ЧИСТЕШЕ МАСОВНО: Илјадници граѓани се приклучија на еко-акцијата
Илјадници граѓани се приклучија на еко-акцијата во Скопје. Ѓорѓиевски најави чистење двапати месечно, нова механизација и 3.300 контејнери.

Илјадници граѓани денеска се приклучија на големата еко-акција за чистење на Скопје, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски им се заблагодари на сите што одвоија време за почист и поуреден град. Во акцијата учествувале волонтери, млади, градоначалници и советници од опозицијата, кои заеднички работеле на расчистување на јавните површини.
Ѓорѓиевски: Грижата за Скопјетреба да нè обединува
Ѓорѓиевски порача дека чистотата на градот е заедничка одговорност и ги повика граѓаните да го почитуваат трудот на оние што го собираат отпадот. Тој нагласи дека зад секое исчистено катче стојат поздраво место за живеење, побезбедни простори за игра и поуредени населби за децата. Посебна благодарност упати до советниците од опозицијата кои се приклучиле на акцијата, оценувајќи дека грижата за Скопје треба да ги надмине политичките разлики.
Акциите ќе продолжат двапати месечно, поставуваат 3.300 контејнери
Градоначалникот најави дека еко-акциите ќе се организираат двапати месечно, со цел грижата за животната средина да стане секојдневна навика. Дополнително, во употреба е пуштена нова механизација, а низ Скопје веќе се поставуваат и 3.300 нови контејнери. Според Ѓорѓиевски, со овие активности се зајакнуваат капацитетите за собирање и транспортирање на отпадот, со цел почисти улици и поуредени населби. Тој ги повика скопјани да почнат од сопствениот праг и да придонесат за зачувување на исчистените јавни површини.
