Дознај прв
(ВИДЕО) ПРВ СНЕГ НА КОЖУФ: Планината побеле со првите снежни врнежи
Првиот снег за сезоната падна на Кожуф на височина од 1.500 до 2.000 метри. Снежна покривка има и на терените на ски-центарот.

Првиот снег за оваа сезона падна на планината Кожуф, каде што вчера околу пладне снежни врнежи ја зафатија повисоките делови на планината, на надморска височина од 1.500 до 2.000 метри. Снежна покривка се формирала и на терените на ски-центарот „Кожуф“, што го означува почетокот на зимските услови на повисоките планински предели. Според објавените информации, температурата на планината изнесувала 4 Целзиусови степени.
Снежна покривка и на ски-центарот „Кожуф“
Првите снежни врнежи доаѓаат со пад на температурите во гевгелискиот регион, каде што вчера бил регистриран и најстудениот есенски ден годинава. Во Гевгелија максималната температура достигнала 14 степени, а биле забележани и слаби врнежи од дожд. Снегот на Кожуф е еден од првите знаци на претстојната зима во планинските предели на земјава.
