Македонија
Дознај прв
„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ РЕГИСТРИРАШЕ 296 ПРЕКРШОЦИ: За два дена откриени стотици сообраќајни прекршоци
Системот „Безбеден град“ регистрирал 296 сообраќајни прекршоци за два дена. Целта е поголема безбедност на патиштата.

Системот „Безбеден град“ регистрирал 296 сообраќајни прекршоци
Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ за само два дена регистрираше вкупно 296 прекршоци на подрачјето на Охрид, Струга, Кичево и Дебар.
На 12 октомври 2026 година, првиот ден од неговото функционирање, биле евидентирани 148 сообраќајни прекршоци.
Најголемиот дел од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина во и надвор од населено место, поминување на црвено светло на семафор, како и управување со нерегистрирани возила.
Во текот на вчерашниот ден, 13 октомври, заклучно со 19 часот, системот регистрирал дополнителни 148 прекршоци, информираат од СВР Охрид.
Сите регистрирани прекршоци се документирани, а до сопствениците на возилата се доставуваат известувања преку СМС-пораки и на електронските адреси.
Од СВР Охрид апелираат:
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Воедно, укажуваме дека системот „Безбеден град“ има за цел да придонесе кон подигнување на сообраќајната култура, поголема дисциплина кај возачите и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.“
