Свет

(ВИДЕО) АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО ИСТАНБУЛ: Поројни дождови ги поплавија улиците

Поројни дождови го поплавија Истанбул, буиците носат возила, а властите ги затворија училиштата и ги повикаа граѓаните да останат дома.

(ВИДЕО) АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО ИСТАНБУЛ: Поројни дождови ги поплавија улиците

Поројни дождови предизвикаа сериозни поплави во Истанбул, каде улиците се претворија во реки, а силната буица носеше возила. Снимките покажуваат драматични сцени со поплавени сообраќајници и вода што продира во урбаните делови на градот. Невремето го отежна движењето и предизвика проблеми во секојдневното функционирање на градот. Поради лошите временски услови, надлежните одлучија училиштата да бидат затворени.

Властите од Истанбул ги затворија училиштата

Гувернерството ги повика жителите да останат дома, освен ако излегувањето не е неопходно, а посебно предупредување е упатено до граѓаните што живеат во подрумски и сутеренски простории. Поплавени се домови, деловни објекти, патишта и подвозници, а на повеќе места возила останале заробени во водата. Според медиумските извештаи, граѓани спасиле жена што ја носела буицата, додека пожарникарите извлекле лице заглавено во поплавен подрум. Турските власти продолжуваат со интервенциите и ги повикуваат граѓаните да ги следат официјалните предупредувања.

Се стравува од дополнителни проблеми

Невремето предизвика сериозен сообраќаен хаос во Истанбул, град со околу 16 милиони жители. Наставата е прекината за четврток, 15 октомври, а одредени категории вработени во јавните служби се ослободени од работните обврски. Во меѓувреме, се појавија и информации за смрт на 14-годишно момче во одделен инцидент поврзан со невремето, откако било погодено од струен удар во поплавена зона.