Скопје
Дознај прв
(ВИДЕО) ЃОРЃИЕВСКИ НА ЗАЕДНИЧКИ РУЧЕК СО РАБОТНИЦИТЕ: Се гради нов мегапарк во општина Бутел

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ги посети работниците ангажирани на изградбата на новиот мегапарк во Бутел и со нив сподели заеднички ручек. Паркот, според најавите, ќе биде најголем во Скопје по Градскиот парк.
Во непосредна и пријателска атмосфера, Ѓорѓиевски им се заблагодари на работниците за нивниот труд и посветеност. Тој истакна дека токму нивните вредни раце го претвораат овој проект во реалност. Градоначалникот порача дека поддршката и заложбата за вработените ќе продолжат. Притоа, нагласи дека нивната работа заслужува постојана почит.
Погледнете го видеото од заедничкиот ручек на Орце Ѓорѓиевски и работниците:
View this post on Instagram
Инаку, во Бутел има повеќе новости периодов, како и нова автобуска линија.
БУТЕЛ ДОБИВА ДИРЕКТНА ВРСКА СО АЕРОДРОМ: Линијата 35 продолжува до Радишани
