Хроника
Дознај прв
Изготвил лажни потврди за дарување крв – Кривична пријава за вработен во МВР
Вработен во МВР доби кривична пријава под сомнение дека фалсификувал потврди за дарување крв за да користи шест дена платено отсуство.

Вработен во Министерството за внатрешни работи доби кривична пријава под сомнение дека фалсификувал потврди за дарување крв за да користи платено отсуство од работа.
Изготвил лажни потврди за дарување крв
Според информациите од МВР, против А.А., вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти, е поднесена кривична пријава за „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Тој, иако не дарувал крв на 3 март и 9 јули 2026 година во Институтот за трансфузиона медицина, наводно изготвил и употребил две лажни потврди. Врз основа на нив, поднел барања за користење платено отсуство.
Користел платено отсуство во два наврати
Со барањата побарал и искористил по три работни дена платено отсуство, односно за периодите од 3 до 5 март и од 9 до 13 јули 2026 година, соопшти МВР. Случајот го открил Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, кој ја поднел пријавата до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Против вработениот ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност поради кршење на работниот ред и дисциплина.
