Скопје
Дознај прв
(ВИДЕО) 19 ГОДИНИ БЕЗ ТОШЕ ПРОЕСКИ: „Зар некој може да те замени?“
Тоше, зар некој може да те замени?

Денеска се навршуваат 19 години од смртта на македонската музичка ѕвезда, единствениот Тоше Проески. Неговата музика и хуманост остануваат безвременски и се слушваат до ден денес. Но… Неговото заминување остави голема празнина кај семејството, пријателите и милиони обожаватели кои и денес ги слушаат неговите песни. Познатите стихови „Зар некој може да те замени?“ сега се претворија во прашање. Тоа е прашањето што и по речиси две децении потсетува на љубовта и почитта што публиката ја чувствува кон Тоше. Неговите песни, хуманоста и делата продолжуваат да живеат меѓу луѓето, а неговото име останува едно од најпрепознатливите во македонската музика. И по 19 години, споменот за Тоше не избледува, а неговата музика продолжува да поврзува генерации. Тоше, живееш вечно!
View this post on Instagram
Тоше, зар некој може да те замени?

‹ ПРЕТХОДНА ВЕСТ
(ВИДЕО) АЛБАНСКИТЕ ДЕМОНСТРАНТИ ТРЕТИРАНИ КАКО ЗАЛОЖНИЦИ!? Обвинувања за полициска бруталност, на друго видео се гледа како девојка е насилно одведена
СЛЕДНА ВЕСТ ›
ИНВЕСТИЦИИ ОД 114 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВО БРВЕНИЦА: Изградба на клучка на Коридорот 8 и нови инфраструктурни проекти - Николоски соопшти детали