Регион

(ВИДЕО) АЛБАНСКИТЕ ДЕМОНСТРАНТИ ТРЕТИРАНИ КАКО ЗАЛОЖНИЦИ!? Обвинувања за полициска бруталност, на друго видео се гледа како девојка е насилно одведена

(ВИДЕО) АЛБАНСКИТЕ ДЕМОНСТРАНТИ ТРЕТИРАНИ КАКО ЗАЛОЖНИЦИ!? Обвинувања за полициска бруталност, на друго видео се гледа како девојка е насилно одведена

По третиот ден насилни протести во Тирана против владата на премиерот Еди Рама, албанскиот истражувачки новинар Осман Стафа обвини за нечовечко насилство врз демонстрантите. Според едно од видеата се гледа како албанските демонстранти се третирани како заложници. Во својата објава тој наведува дека во полициските станици демонстрантите се третираат како заложници и го посочува Ервин Деме, обвинувајќи го за нехуман однос кон приведените. Дополнително, на друго видео се гледа возило без лого, униформа или други препознатливи ознаки, за кое во објавата се тврди дека од него насилно била одведена една девојка.

„Нема лого, нема униформа, нема никакви ознаки. Што се овие? Една девојка е насилно одведена од ова возило“, се наведува во објавата на албански јазик на новинарот.

Во меѓувреме, според информациите објавени од албанските медиуми, во третиот ден од насилните протести во Тирана биле повредени 90 лица. Протестите се одржуваат против владата на Рама, а објавите на Стафа отвораат прашања за постапувањето со демонстрантите и за идентитетот на лицата што се гледаат на видеото. Тврдењата за насилно одведување и полициска бруталност засега се пренесуваат како наводи од објавите и видеоматеријалите.