Хроника
Дознај прв
АВТОМОБИЛ УДРИЛ ПЕШАК И ИЗБЕГАЛ: Тешко повреден 22-годишник во Брвеница
Дваесет и двегодишен пешак е тешко повреден откако во него удрил автомобил во тетовското село Брвеница. Возачот по несреќата го напуштил местото. Случајот бил пријавен вчераутро во тетовската полиција.

Дваесет и двегодишен пешак е тешко повреден откако во него удрил автомобил во тетовското село Брвеница. Возачот по несреќата го напуштил местото. Случајот бил пријавен вчераутро во тетовската полиција. Повредениот К.Ј. од Брвеница бил пренесен во Клиничката болница во Тетово. Таму му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа на СВР Тетово, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.
