Македонија

ПЕЛИСТЕР ПОБЕЛЕ ВО ЈУЛИ: Снег падна на 2.601 метар надморска височина

Снег падна среде лето на врвот Пелистер, информираа од Националниот парк „Пелистер“. Врвот, кој се наоѓа на планината Баба, е висок 2.601 метар.

ПЕЛИСТЕР ПОБЕЛЕ ВО ЈУЛИ: Снег падна на 2.601 метар надморска височина

Снег падна среде лето на врвот Пелистер, информираа од Националниот парк „Пелистер“. Врвот, кој се наоѓа на планината Баба, е висок 2.601 метар. Од Националниот парк порачаа дека Пелистер истовремено е убав, моќен и не секогаш предвидлив. Тие додаваат дека планината уште еднаш покажала оти мора да биде почитувана. Фотографиите од снежната покривка ги направиле вработени во пунктот на Национална радиодифузија. Снегот во летниот период не е забележан првпат на Пелистер.

ОЗНАКИ: пелистер