Регион
Дознај прв
ПРЕД ДРАСТИЧНО ПОСКАПУВАЊЕ: Бензинските пумпи во Хрватска го ограничија точењето гориво
ИНА и синџирот „Петрол“ воведоа привремено ограничување за точење гориво на дел од бензинските пумпи во Хрватска. Максималната количина по едно точење е ограничена на 300 литри.

ИНА и синџирот „Петрол“ воведоа привремено ограничување за точење гориво на дел од бензинските пумпи во Хрватска. Максималната количина по едно точење е ограничена на 300 литри. Од ИНА соопштија дека мерката е воведена поради зголемената побарувачка во туристичката сезона и неизвесноста на меѓународните пазари. Ограничувањето не важи на бензинските пумпи на автопатите и при точење гориво за пловни објекти. Според сегашниот модел на пресметка, Еуросупер 95 би можел да поскапи на 1,65 евра за литар. Еуродизелот би можел да достигне цена од 1,81 евро за литар, додека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ потврди дека се очекува раст на цените.
