Регион
Дознај прв
РОМАНИЈА СОБОРИ ДРОН ВО СВОЈОТ ВОЗДУШЕН ПРОСТОР: Интервенирал борбен авион Ф-16
Дронот бил откриен од радарите над Црното Море, по што продолжил да се движи над романска територија.

Романски борбен авион Ф-16 денеска соборил дрон што навлегол во воздушниот простор на земјата. Дронот бил откриен од радарите над Црното Море, по што продолжил да се движи над романска територија. Во акцијата биле испратени два романски авиони Ф-16 и два италијански авиони „Еурофајтер тајфун“. Дронот бил погоден со ракета воздух-воздух над ненаселено подрачје во близина на Падина. Романскиот претседател Никушор Дан соопшти дека немало ризик за населението. Потеклото на дронот засега не е утврдено, а надлежните започнале истрага.
