Магазин

БАРСЕЛОНА СЕ СООЧУВА СО РЕКОРДНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Жештините го зафатија југот на Европа

Рекордни температури во Барселона се регистрирани во јуни, додека силен топлотен бран го погоди југот на Европа.

БАРСЕЛОНА СЕ СООЧУВА СО РЕКОРДНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Жештините го зафатија југот на Европа

Барселона се соочува со рекордно високи температури, во период кога силниот топлотен бран го погодува југот на Европа.

Според податоците од метеоролошката опсерваторија Фабра, во Барселона бил регистриран најтопол јуни од почетокот на мерењата во 1914 година. Просечната температура достигнала 26 степени Целзиусови, со што бил надминат претходниот рекорд од 25,6 степени, поставен во 2003 година.

На 30 јуни била измерена и максимална дневна температура од 37,9 степени Целзиусови, што претставува рекорд за јуни во градот. Високите температури не ја погодија само Шпанија, туку и други земји во регионот, меѓу кои Италија, Грција и Франција.

Во делови од јужна Европа дневните температури надминуваат 40 степени, а властите во повеќе земји издаваат предупредувања за граѓаните да избегнуваат движење во најтоплиот дел од денот, да пијат доволно течности и да внимаваат на повозрасните лица и хронично болните.

Топлотните бранови во Европа стануваат сè почести и поинтензивни. Според климатската служба „Коперникус“, Европа во последните три децении се загревала со околу 0,56 степени Целзиусови по деценија.

Жештините повторно го отворија прашањето за климатските промени и подготвеноста на европските градови да се справат со екстремните временски услови.