Македонија

БУГАРИТЕ СО ОБВИНУВАЊА ЗА РАДЕВ: Мицкоски го штити своето малцинство, а каде е Радев за бугарското малцинство во Албанија?

БУГАРИТЕ СО ОБВИНУВАЊА ЗА РАДЕВ: Мицкоски го штити своето малцинство, а каде е Радев за бугарското малцинство во Албанија?

Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Пустец во Албанија предизвика реакции и во Бугарија. Фејсбук страницата „Обединети Бугари“ објави критика кон бугарските власти, прашувајќи каде е државата Бугарија додека Македонија, според нив, покажува ангажман кон македонската заедница во Албанија. Во објавата се наведуваат податоци од пописот во Албанија од 2023 година, според кои 7.057 лица се изјасниле како Бугари, а 2.281 како Македонци.

Од страницата прашуваат кога последен пат бугарски премиер или владина делегација ги посетила бугарските заедници во Голо Брдо, Мала Преспа и другите области во Албанија. Во критиките директно се споменуваат и претседателот Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова, со обвинување дека бугарската држава не посветува доволно внимание на своите заедници надвор од земјата. „Обединети Бугари“ оценува дека кога Бугарија отсуствува од теренот, просторот го пополнуваат други држави.

Во објавата се бара односот кон Бугарите во странство да стане државна политика, а посетата на Мицкоски во Пустец покажува дека македонските заедници надвор од државата не се заборавени и дека Владата продолжува да одржува контакт со Македонците кои живеат надвор од земјата.