Дознај прв
ПОЗИРAШЕ ВО БИКИНИ НА 63 ГОДИНИ: Поранешната Мис Југославија повторно воодушеви со изгледот
Поранешната Мис Југославија Ана Сасо објави фотографии во бикини од летниот одмор и повторно привлече големо внимание.

Ана Сасо објави фотографии од одмор
Ана Сасо, поранешната Мис Југославија, привлече големо внимание со новите фотографии од својот летен одмор. 63-годишната Сасо позираше во бикини на плажа и покрај морето, а фотографиите ги сподели на својот Инстаграм профил. На дел од фотографиите таа носи црно бикини, додека на други е во шарен дводелен костим за капење. Нејзините следбеници веднаш реагираа со бројни комплименти и пофалби за нејзиниот изглед.
Од Мис Југославија до култна телевизиска реклама
Ана Сасо стана позната во јавноста откако во 1982 година победи на изборот за Мис Југославија. Дополнителна популарност стекна со култната реклама за сокот „Пипи“, која и денес се памети низ поранешна Југославија. Во приватниот живот, Сасо во 2021 година стапила во трет брак со хирургот Хрвоје Томасовиќ, со кого живее во Самобор.
