Македонија

ЦУК: Пожарот во Церово будно се следи, екипите со максимален ангажман на терен

Пожарот во селото Церово, Општина Желино, се следи на терен, а тетовските пожарникари работат на негово локализирање и спречување на ширењето.

ЦУК: Пожарот во Церово будно се следи, екипите со максимален ангажман на терен

Огнената стихија во Церово се локализира

Пожарот што го зафати селото Церово во Општина Желино будно се следи, а екипите се со максимален ангажман на терен. Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со командантот на ТППЕ Тетово, Авни Ахмети, се на терен и ја следат состојбата. Екипите на ТППЕ Тетово активно работат на локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење. Целта е огнената стихија што поскоро да биде ставена под целосна контрола.

Апел до граѓаните за внимателност

Од ЦУК апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни и совесни при движење и престој на отворен простор, со цел да се спречи избувнување и ширење на нови пожари. Надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата на терен и да интервенираат согласно потребите. Граѓаните се повикуваат да избегнуваат активности со кои би можеле да предизвикаат пожар, особено во период на високи температури и зголемен ризик од ширење на огнот.

ОЗНАКИ: Церово