Македонија

ЏАКУЗИ, ЛУКСУЗ И ПАНОРАМСКИ ПОГЛЕД НА СКОПЈЕ: Се продаваат запленетите станови на поранешниот премиер Никола Груевски

Три луксузни станови на Никола Груевски во „Панорама резиденс“, со џакузи и поглед кон Скопје, се продаваат за најмалку 2,46 милиони евра.

ЏАКУЗИ, ЛУКСУЗ И ПАНОРАМСКИ ПОГЛЕД НА СКОПЈЕ: Се продаваат запленетите станови на поранешниот премиер Никола Груевски

Три луксузни апартмани на поранешниот премиер Никола Груевски во комплексот „Панорама резиденс“ повторно се ставени на јавна продажба. Недвижностите биле запленети во рамки на предметот „Плацови на Водно“, а нивното разгледување е закажано за 16 јули. Јавното наддавање треба да се одржи на 29 јули. Станува збор за апартмани со пространи тераси, големи стаклени површини, луксузна опрема и панорамски поглед кон Скопје, додека на една од терасите има и џакузи. Два од становите имаат површина од околу 200 квадратни метри и почетна цена од по 850.000 евра. Третиот апартман има околу 150 квадратни метри, балкон од 95 квадратни метри и почетна цена од 760.000 евра. Од продажбата на трите недвижности државата очекува најмалку 2,46 милиони евра.

Жан Митрев