Македонија

ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО „ПУЛС“: Утре ќе биде осветен Крст кај „Национал“ во Кочани

Во недела, 12 јули, кај „Национал“ во Кочани ќе биде осветен Крстот поставен во чест на децата кои загинаа во пожарот во „Пулс“.

ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО „ПУЛС“: Утре ќе биде осветен Крст кај „Национал“ во Кочани

Во недела, 12 јули, ќе биде осветен новопоставениот Крст кај кружниот тек во близина на „Национал“ во Кочани. Осветувањето е закажано во периодот од 10:30 до 11 часот. Чинот ќе го изврши митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со свештеници од кочанското архиерејско намесништво. Крстот е поставен во чест и вечен спомен на децата кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“. На настанот се очекува присуство на граѓани, семејства и верници. Присутните ќе имаат можност да им оддадат почит на загинатите.