Македонија
Дознај прв
(ФОТО) ПРОТЕСТ ВО ТЕТОВО ПОРАДИ ПРОМЕНАТА НА ИМИЊАТА НА УЛИЦИТЕ: Околу 100 лица маршираат со ДУИ
Во Тетово во моментов се одржува протест на ДУИ поради промената на имињата на улиците. На маршот присуствуваат околу 100/150 лица.

Во Тетово во моментов се одржува протест организиран од Демократската унија за интеграција поради одлуката поврзана со промената на имињата на улиците во градот. Според информациите од терен, на маршот присуствуваат околу 100-150 лица, кои се движат низ тетовските улици.
Протест по одлуката за имињата на улиците
Од ДУИ тврдат дека со одлуката се загрозуваат принципите што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор и правата на етничките заедници. Партијата претходно најави дека маршот ќе биде порака за заштита на уставниот поредок, правната сигурност и меѓуетничката стабилност во Македонија.
Околу 100 лица на маршот
Иако организаторите најавуваа масовен граѓански протест, во моментов на маршот се присутни околу 100-150 граѓани. Собирот се одвива мирно, а учесниците носат партиски и национални обележја и испраќаат пораки против промената на имињата на улиците.
