Свет
Дознај прв
ЏИЛ БАЈДЕН ЗА СОСТОЈБАТА НА ЏО: „Ќе умре, затоа да го искористиме секој момент“
Џил Бајден отворено зборуваше за битката на Џо Бајден со ракот и порача дека семејството сака да го искористи секој момент што го имаат заедно.

Поранешната прва – Џил Бајден дама отворено за неговата битка со ракот
Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, во емотивно интервју отворено зборуваше за здравствената состојба на нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Џо Бајден. Таа призна дека е свесна оти еден ден ќе мора да се соочи со неговата смрт и порача дека токму поради тоа сакаат максимално да го искористат времето што го имаат заедно. Џо Бајден во мај 2025 година беше дијагностициран со агресивен рак на простатата во четврта фаза, кој се проширил и на неговите коски. Џил откри дека неодамнешните скенови биле охрабрувачки и дека нивото на PSA е нула, но лекувањето и понатаму е тешко и болеста бара постојан третман. Таа нагласи дека Бајден останува активен и продолжува да работи, и покрај тоа што болеста значително го забавила.
„Да го направиме секој момент најдобар што можеме“
Џил Бајден зборуваше и за емоционалниот товар со кој се соочува семејството, признавајќи дека стравот од губење на сопругот е постојано присутен. Таа посочи дека наместо да се фокусираат само на тешките моменти, се обидуваат секој ден да го исполнат со што повеќе радост и заеднички моменти. Според неа, лекарите се оптимисти дека Џо нема нужно да почине од самиот рак, иако болеста останува сериозна и ќе бара долгорочно лекување. Џил порача дека семејството се обидува да остане позитивно и да го живее животот што е можно посодржајно, наместо да биде целосно обземено од стравот и тагата.
