Македонија

Леб 126 денари, купени душеци што не се користеле – ДЗР ОТКРИ СЕРИОЗНИ ПРОПУСТИ ВО СТРУДЕНТСКИОТ ДОМ „ПЕЛАГОНИЈА“

Државниот завод за ревизија откри низа неправилности во ДСД „Пелагонија“, меѓу кои леб плаќан 126 денари и неискористени душеци вредни 1,17 милиони денари.

Леб 126 денари, купени душеци што не се користеле – ДЗР ОТКРИ СЕРИОЗНИ ПРОПУСТИ ВО СТРУДЕНТСКИОТ ДОМ „ПЕЛАГОНИЈА“

Ревизорите откриле низа неправилности во „Пелагонија“

Државниот завод за ревизија утврдил низа неправилности во работењето на ДСД „Пелагонија“ за 2024 година, поради што дал неповолно мислење за финансиските извештаи и усогласеноста со законската регулатива. Меѓу најинтересните наоди е набавката на лебот, кој во новиот договор бил плаќан по 126 денари за килограм, иако пазарната цена била околу 70 денари. Ревизорите претходно откриле и дека во еден договор едно парче леб било фактурирано како еден килограм, што укажува на сериозни слабости во контролите. Во 2023 година биле купени и 250 душеци за 1,174 милиони денари, но тие имале различни димензии од предвидените и воопшто не биле ставени во употреба. Дополнително, било утврдено дека дел од душеците биле поголеми од креветите, со што била нарушена нивната стабилност.

Исплатени милиони без целосна документација

Ревизорите утврдиле и расходи од 1,209 милиони денари за одржување и сервисирање на опрема, но за дел од фактурираните услуги немало целосна документација дека навистина биле извршени. Во домот не била евидентирана ниту опрема вредна 21,563 милиони денари, а биле забележани и трошоци за гориво и сервисирање на приватно возило користено за службени цели без соодветна документација. Во еден период од шест месеци, пак, биле исплаќани плати за две лица на функцијата директор поради административни пропусти. ДЗР оценил дека во установата не функционирал соодветен систем на внатрешни финансиски контроли, ниту кај јавните набавки, поради што препорачал преземање мерки за надминување на утврдените состојби.