Свет

ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО АВИОН ОД ЊУЈОРК ДО ИЗРАЕЛ: Патниците итно евакуирани по слетувањето

Патниците на лет на „Делта ерлајнс“ од Њујорк до Тел Авив беа евакуирани по анонимна дојава за бомба. При проверката не е пронајдено ништо сомнително.

ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО АВИОН ОД ЊУЈОРК ДО ИЗРАЕЛ: Патниците итно евакуирани по слетувањето

Патниците на лет на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“ од Њујорк до Тел Авив биле евакуирани утринава по слетувањето на аеродромот „Бен Гурион“ во Израел, по анонимна дојава за поставена бомба. Поради заканата, надлежните веднаш ги активирале безбедносните протоколи, а патниците биле пренесени во терминалната зграда. Авионот бил преместен на изолиран дел од аеродромот за да може да биде детално проверен.

Безбедносни служби го провериле авионот во Њујорк

Според медиумските извештаи, дојавата укажувала на можна експлозивна направа во леталото. Безбедносните служби извршиле темелна проверка, но не пронашле ништо сомнително. Израелските власти соопштиле дека немало непосредна опасност за патниците.

Инцидентот завршил без пронајдена опасност

Првичните процени укажувале дека станува збор за лажна закана со бомба. Управата за аеродроми на Израел соопштила дека проверката завршила без невообичаени наоди и дека операциите се вратиле во нормала.

ОЗНАКИ: Њујорк