Свет

ЕБОЛАТА ВО КОНГО СО ЦРН РЕКОРД: Епидемијата стана најсмртоносна во историјата на земјата

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата со 2.325 починати и 4.945 потврдени случаи.

ЕБОЛАТА ВО КОНГО СО ЦРН РЕКОРД: Епидемијата стана најсмртоносна во историјата на земјата

Над 2.300 починати

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго стана најсмртоносната во историјата на земјата, откако бројот на починати достигна 2.325 лица. Со тоа е надминат досегашниот рекорд од 2.299 смртни случаи, регистрирани во епидемијата од 2018 до 2020 година. Бројот на потврдени случаи достигна 4.945, откако во последните 24 часа биле регистрирани уште 101 нов случај. Епидемијата, која е 17-та по ред во Конго, веќе кон крајот на јули стана најголема во земјата според бројот на заразени.

Болеста се шири со брзо темпо

Сегашната епидемија е предизвикана од сојот Бундибугјо на вирусот ебола, за кој во моментов нема одобрени вакцини или лекови. Епидемијата официјално беше прогласена на 15 мај, а бројот на смртни случаи надмина 2.000 за помалку од три месеци. Слабата здравствена инфраструктура, локалниот отпор и нестабилноста во регионот дополнително ги отежнуваат напорите за откривање и третман на заразените. Според податоците на Светската здравствена организација, по обем оваа епидемија сега е надмината само од големата епидемија во Западна Африка од 2014 до 2016 година.

ОЗНАКИ: ебола