Македонија
Дознај прв
(ФОТО) ГУЖВИ ЗА ВЛЕЗ ВО СКОПЈЕ: Четири ленти полни со автомобили, се чека над 15 минути на патарината

По продолжениот викенд, голем број автомобили се упатуваат кон Скопје, поради што се создадоа долги колони на влезот во главниот град. Сите четири ленти се исполнети со возила, а возачите чекаат повеќе од 15 минути за да поминат на скопската патарина. Зголемениот сообраќај доаѓа во периодот кога граѓаните се враќаат од патувањата за продолжениот викенд. Фотографии од гужвата до редакцијата на 24часа испратија читатели. Колоните се протегаат низ сите ленти, а возачите се соочуваат со забавено движење.
