Регион

(ФОТО) ПОЗНАТИ ИДЕНТИТЕТИТЕ НА УАПСЕНИТЕ ЗА ПОЖАРИТЕ ВО ХРВАТСКА: Еден од нив поврзан со милионска афера, друг добил 44.000 евра земјоделски субвенции

Познати се идентитетите на четворицата осомничени за пожарите во Хрватска. Еден е поврзан со „Црно Брдо“, а друг добил 44.000 евра субвенции.

(ФОТО) ПОЗНАТИ ИДЕНТИТЕТИТЕ НА УАПСЕНИТЕ ЗА ПОЖАРИТЕ ВО ХРВАТСКА: Еден од нив поврзан со милионска афера, друг добил 44.000 евра земјоделски субвенции

Меѓу уапсените за пожарите во Хрватска и сопственик на земјиштето со „Црно Брдо“

Познати се идентитетите на четворицата осомничени кои се товарат дека подметнале десет пожари во Задарската жупанија на 14 и 15 август. Меѓу нив е Владимир Чупиќ, сопственик на земјиштето во Билјане Доње каде со години се наоѓала депонијата „Црно Брдо“, со околу 140.000 тони индустриски отпад. Санацијата на оваа локација чинела околу 17,5 милиони евра, а случајот со депонијата стигнал и до Судот на Европската Унија. Чупиќ претходно изјавувал дека земјиштето го дал под закуп, без да очекува дека на него ќе биде складиран индустриски отпад.

Еден добил над 44.000 евра субвенции

Меѓу уапсените е и Даниел Стегњаиќ, земјоделец од Доњи Биљани, кој во 2024 и 2025 година добил вкупно повеќе од 44.000 евра земјоделски субвенции од национални и европски фондови. Самото добивање на субвенциите, според достапните информации, не е означено како незаконско и нема информации дека тие се предмет на истрага.

Пронајдени полуавтоматска пушка и пиштол

Кај двајца од осомничените полицијата пронашла полуавтоматска пушка и пиштол, но засега нема податоци дека оружјето било употребено при пожарите. Четворицата се сомничат за намерно предизвикување пожари, додека истрагата продолжува и обвинителството ја разгледува и можноста за дополнителна правна квалификација на делото.

Извор: Plusinfo