Македонија

(ФОТО) „ЗБОГУМ, ЉУБОВ МОЈА!“ – пилотот кој ја спасуваше Македонија од шумските пожари се збогува со леталото

(ФОТО) „ЗБОГУМ, ЉУБОВ МОЈА!“ – пилотот кој ја спасуваше Македонија од шумските пожари се збогува со леталото

Битолскиот пилот Васко Михалчев сподели емотивна фотографија покрај противпожарниот авион со порака: „Збогум, љубов моја! Овој пат засекогаш!“. Михалчев е познат на јавноста како еден од пилотите кои се вратија од пензија за да помогнат во гаснењето на шумските пожари во Македонија.

Во 2024 година, заедно со Стоје Арсовски, повторно ги управуваше противпожарните авиони „Ер трактор“, а нивниот ангажман продолжи и во 2025 година. Неговата врска со авијацијата започнала уште во Битола, каде што од 1980 година е член на аероклубот „Мирко Тодоровски“.

„Збогум љубов моја“, напиша Михалчев.

Покрај пилотирањето и инструкторската работа, Михалчев бил ангажиран и во одржувањето на авионите и развојот на клубот. Во својата најнова објава тој не ја открива причината за збогувањето, но фотографијата и пораката сведочат за неговата долгогодишна поврзаност со авијацијата.