Македонија

ГАШИ СЕ СРЕТНА СО МАРТА КОС: Во фокусот патот на Македонија кон Европската Унија

Гаши и Марта Кос разговараа за патот на Македонија кон ЕУ, реформската агенда и поддршката преку Планот за раст за Западен Балкан.

ГАШИ СЕ СРЕТНА СО МАРТА КОС: Во фокусот патот на Македонија кон Европската Унија

Разговори за реформите и европската интеграција

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос, која престојува во еднодневна посета на Македонија.

На средбата се разговарало за напредокот на земјата на патот кон членство во Европската Унија, со посебен акцент на спроведувањето на Реформската агенда. На разговорите присуствувале и пратеничките Ели Панова, Бисера Костадиновска Стојчевска и Рина Ајдари, како и генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска.

Поддршка од ЕУ и Планот за раст

Гаши изразил благодарност за Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, оценувајќи го како значаен инструмент за поддршка на реформите и економскиот и социјалниот развој на регионот.

На средбата било посочено дека Македонија бележи напредок во спроведувањето на клучните реформи, врз основа на што на земјата ѝ се одобрени 142,1 милиони евра во рамките на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. Соговорниците ја нагласиле важноста од конструктивен политички дијалог и широка меѓупартиска поддршка за реформите поврзани со европската интеграција.

Посетата на еврокомесарката Кос била оценета како потврда на континуираната поддршка на Европската Унија за европската перспектива на Македонија и како дополнително охрабрување за продолжување на реформскиот процес.