Регион
Дознај прв
ХАШИМ ТАЧИ ОСУДЕН НА 25 ГОДИНИ ЗАТВОР: Прогласен е виновен за воени злосторства

Хашим Тачи е прогласен за виновен и осуден на единствена казна затвор од 25 години. Судот во Хаг го осуди за четири кривични дела, меѓу кои сурово постапување, мачење, убиство како воено злосторство и произволно лишување од слобода. Според пресудата, во злосторствата биле опфатени и убиства на 96 лица. За дел од обвинителните точки Хашим Тачи е ослободен, бидејќи не биле докажани.
Јакуп Красниќи е осуден на идентична казна од 25 години затвор, додека Кадри Весели доби 18 години, а Реџеп Селими 13 години. Судот наведе дека злосторствата биле извршени на повеќе локации во Косово и северна Албанија и ги оцени како сериозни по својата природа.
View this post on Instagram
