Скопје

(ВИДЕО) БРТ СТАНУВА РЕАЛНОСТ: Работите на терен почнуваат напролет

Скопје ја отвора тендерската постапка за БРТ, а градежните работи се очекува да започнат напролет 2027 година. Планирани се и 40 нови автобуси.

(ВИДЕО) БРТ СТАНУВА РЕАЛНОСТ: Работите на терен почнуваат напролет

Градот Скопје во наредните денови ќе ја отвори тендерската постапка за проектирање и изградба на долго најавуваниот систем за брз автобуски превоз, БРТ, во координација со Европската банка за обнова и развој. Според најавите на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, доколку постапките се одвиваат според планираната динамика, градежните работи на терен треба да започнат кон крајот на пролетта 2027 година. БРТ-системот е предвидено да ја поврзува трасата од Ѓорче Петров до населбата Аеродром, со интервал на пристигнување на возилата од помалку од шест минути.

БРТ ЌЕ ДОБИЕ 40 НОВИ АВТОБУСИ

Во рамки на проектот е планирана и набавка на дополнителни 40 еколошки автобуси. Според градските власти, БРТ треба да биде дел од поширок систем за јавен превоз, заедно со градскиот воз и новите автобуси, со цел да се намали употребата на автомобили во Скопје.

ПРОЕКТОТ ТРЕБА ДА ЗАВРШИ ДО КРАЈОТ НА МАНДАТОТ

Проектот во минатото предизвикуваше бројни полемики, особено поради планираните зафати на средишното зеленило на дел од булеварите. Ѓорѓиевски најавил дека, доколку динамиката биде исполнета, БРТ-системот целосно треба да профункционира до крајот на неговиот градоначалнички мандат.

ОЗНАКИ: БРТ