Скопје
Дознај прв
ЖИВИТЕ СТАТУИ ПОВТОРНО ВО ЦЕНТАР: „Статуафест“ слави 10 години
„Статуафест – Другото лице на улицата“ од 17 до 19 септември ќе се одржи во центарот на Скопје со 15 улични акти и над 20 артисти.

Живите статуи повторно ќе го оживеат центарот на Скопје, со десеттото, јубилејно издание на фестивалот „Статуафест – Другото лице на улицата“. Фестивалот ќе се одржи на улицата „Македонија“ и на плоштадот „Македонија“ од 17 до 19 септември, со почеток во 18:30 часот. Во трите фестивалски денови ќе бидат претставени 15 улични акти со живи статуи, во кои ќе учествуваат повеќе од 20 артисти од продукцијата на „Театроск“.
Богата уметничка програма
Покрај живите статуи, посетителите ќе можат да ја видат и уметничката инсталација „Силуети од минатото“ на Горан Казанковски, како и ликовната изложба на уметникот Ненад Рафајловски. Фестивалот има цел преку уличната уметност да внесе нова енергија во јавниот простор и да ја збогати културната понуда во центарот на градот.

Општина Центар со поддршка на Статуафест
Општина Центар четири години финансиски го поддржува проектот „Центарски улици“, а годинава за перформансот се издвоени еден милион денари. Средствата се наменети за поддршка и промоција на младите македонски уметници, уличните перформанси и музичките изведувачи.

