Спорт

ХЕРОЈОТ ОД СВЕТСКОТО ДОБИ НОВ КЛУБ: Возиња ќе брани за јужноамериканскиот гигант Коло-Коло

Херојот на Зелен ’Рт од Светското првенство, Возиња, на 40-годишна возраст ќе ја продолжи кариерата во чилеанскиот гигант Коло-Коло.

ХЕРОЈОТ ОД СВЕТСКОТО ДОБИ НОВ КЛУБ: Возиња ќе брани за јужноамериканскиот гигант Коло-Коло

Возиња, голманот кој беше едно од најпријатните изненадувања на Светското првенство во 2026 година, постигна договор со чилеанскиот гигант Коло-Коло. Четириесетгодишниот репрезентативец на Зелен ’Рт ќе пристигне во Чиле, каде што треба да ги помине задолжителните медицински прегледи пред официјалната промоција. Трансферот го потврди претседателот на клубот, Анибал Моса.

Возиња Блесна на Светското првенство

Искусниот голман го привлече вниманието на фудбалската јавност со одличните настапи за Зелен ’Рт. Тој беше еден од најзаслужните за ремито без голови против светскиот шампион Шпанија, а неговата селекција ја однесе и до нокаут-фазата. Зелен ’Рт беше елиминиран од Аргентина со 3:2 по продолженија, но Возиња со своите интервенции остави силен впечаток на турнирот.

Ново поглавје на 40-годишна возраст – Коло-Коло

Возиња беше слободен фудбалер откако му заврши договорот со португалскиот второлигаш Шавеш. Коло-Коло реши да му даде шанса по одличните настапи на Мундијалот, а од клубот не кријат дека трансферот има и големо маркетиншко значење. Чилеанскиот клуб е еден од најуспешните во Јужна Америка и освојувач на Копа Либертадорес во 1991 година. За Возиња ова ќе биде ново големо поглавје во богатата кариера, во која настапуваше во повеќе европски и африкански земји.