Македонија

КАВАДАРЦИ ДОБИВА ДВА НОВИ СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ: Нов спортски центар и картинг-патека во Моклиште

Спортски објекти во Кавадарци ќе се градат преку вториот повик на Владата – нов објект во СЦ „Јасмин“ и картинг-патека во Моклиште.

КАВАДАРЦИ ДОБИВА ДВА НОВИ СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ: Нов спортски центар и картинг-патека во Моклиште

Нова инвестиција во спортската инфраструктура

Кавадарци ќе добие два нови спортски објекти преку вториот повик на Владата за поддршка на општините.
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски денеска беа во работна посета на Кавадарци, каде присуствуваа на поставување камен-темелник за нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“.
Станува збор за модерна доградба на површина од 1.000 квадратни метри во основа, со подрум, приземје и кат.
Во објектот се предвидени куглана, бифе, сала за гимнастика, како и апартмани за сместување на спортисти на горниот кат.
Финансиската конструкција за овој проект изнесува 118 милиони денари и е обезбедена целосно преку Владата.

Картинг-патека за спорт и рекреација

Вториот проект е изградба на нова картинг-патека во месноста Моклиште, каде веќе се вршат подготовки на просторот.
Новиот картинг центар ќе биде наменет за рекреативни возачи, љубители на автомобилизам, како и за организирање помали натпревари и спортски настани.
Комплексот ќе се простира на површина од 2.700 квадратни метри и, покрај современата картинг-патека, ќе содржи и пропратни објекти за посетителите.
Инвестицијата за овој проект изнесува 35.247.407 денари.
Од Владата и од Општина Кавадарци беше истакнато дека овие проекти се значаен чекор за развој на спортот, рекреацијата и квалитетот на животот во регионот.