Спорт
Дознај прв
СКОПЈЕ, БУДИ СЕ: Вардар се враќа на европска сцена, во вторник КуПС гостува на Градски
Натпреварот Вардар против фински КуПС ќе се игра во вторник од 19 часот на Градски, каде црвено-црните се враќаат на европска сцена.

Вардар се враќа на европска сцена, а во вторник на Градски во Скопје гостува фински КуПС. Натпреварот ќе се игра на 7 јули од 19 часот на Националната арена „Тодор Проески“. Станува збор за прв меч од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Црвено-црните повторно ќе имаат можност да играат европски натпревар пред својата публика. Реваншот ќе се игра во Финска, седум дена по дуелот во Скопје. Навивачката група Комити повика на масовност и најави собир во 18 часот пред западната трибина, каде ќе се продаваат билети и налепници по повод 12-тата титула на Вардар. Скопје повторно ќе живее во црвено-црн ритам.
View this post on Instagram
