Скопје
Дознај прв
Мајка Тереза -116 години од раѓањето на светски познатата хуманитарка
116 години од раѓањето на Мајка Тереза, скопјанката која целиот свој живот го посвети на помошта за сиромашните, болните и најранливите.

Живот посветен на најбедните
Денес се одбележуваат 116 години од раѓањето на Мајка Тереза, една од најпознатите хуманитарки во светот, родена во Скопје во 1910 година како Гонџа Бојаџиу. Нејзиниот живот бил посветен на помагањето на сиромашните, болните и луѓето кои живееле на маргините на општеството. Таа на 18-годишна возраст заминала во Ирска, а потоа во Индија, каде што го започнала своето мисионерско дело.
Нобелова награда и светско признание
Во 1950 година ја основала мисионерската организација „Мисионерки на љубовта“, која со текот на годините прераснала во светска хуманитарна мрежа. За својата посветеност во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир. Мајка Тереза почина во Калкута во 1997 година, на 87-годишна возраст. Во 2016 година беше прогласена за светица од страна на Католичката црква. Нејзиното име и денес се поврзува со хуманоста, милосрдието и помошта кон најсиромашните.
