Македонија

МАКЕДОНИЈА И ЈОРДАН СО НОВ МЕМОРАНДУМ: Муцунски со договор за политички консултации меѓу двете министерства

Тимчо Муцунски и Ајман ал-Сафади во Њујорк потпишаа Меморандум за разбирање за политички консултации меѓу Македонија и Јордан.

МАКЕДОНИЈА И ЈОРДАН СО НОВ МЕМОРАНДУМ: Муцунски со договор за политички консултации меѓу двете министерства

Муцунски се сретна со јорданскиот министер за надворешни работи

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во Њујорк оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи и иселеништво на Јордан, Ајман ал-Сафади, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. На средбата беше потпишан Меморандум за разбирање за одржување политички консултации меѓу двете министерства. Со документот се воспоставува дополнителна рамка за редовен политички дијалог и продлабочување на билатералната соработка. Муцунски и ал-Сафади разговарале и за можностите за натамошно унапредување на односите меѓу Македонија и Јордан. Во фокусот биле и координацијата во рамките на мултилатералните организации, како и актуелните регионални и глобални предизвици. Двете страни ја потврдиле определбата за посилен политички дијалог и проширување на соработката во области од заемен интерес.