Спорт

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО КУПИ АНДРЕЈ САНТОС: На Челзи ќе му плати 58 милиони евра

Манчестер Јунајтед го ангажираше Андреј Сантос од Челзи за повеќе од 58 милиони евра, а Бразилецот потпиша петгодишен договор

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО КУПИ АНДРЕЈ САНТОС: На Челзи ќе му плати 58 милиони евра

Манчестер Јунајтед го официјализираше трансферот на бразилскиот фудбалер Андреј Сантос од Челзи, кој е првото засилување на клубот за сезоната 2026/27. Дваесет и двегодишниот играч од средниот ред потпиша петгодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“. Вредноста на трансферот изнесува 50 милиони фунти, односно нешто повеќе од 58 милиони евра.

Фиксен износ од 48 милиони фунти

Манчестер Јунајтед веднаш ќе плати 48 милиони фунти, додека преостанатиот дел од сумата треба да биде исплатен преку бонуси. Сантос сакал да го напушти Челзи бидејќи не ја добивал посакуваната минутажа во конкуренција со Мојсес Каиседо и Енцо Фернандез. Минатата сезона настапил на 27 натпревари во Премиер лигата, но бил стартер на само 13 од нив.

Наскоро се приклучува на подготовките

Бразилецот не беше дел од репрезентацијата на Светското првенство, па се очекува брзо да им се приклучи на новите соиграчи. Првите минути во дресот на Манчестер Јунајтед би можел да ги забележи на пријателските натпревари против Рексам и Розенборг. Челзи го ангажираше Сантос во јануари 2023 година, а фудбалерот претходно настапуваше и како позајмен играч во Стразбур и Нотингем Форест.