Македонија

Мицкоски: Очекувам кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница да победи

Мицкоски: Очекувам кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница да победи

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува нивниот кандидат за градоначалник да победи на предвремените избори во Брвеница.

– Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ има очекување кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешното пуштање во употреба на новата когенеративна постројка на „Теса енерџи“.

Владејачката партија синоќа соопшти дека нивни кандидат за градоначалник на Брвеница е Стојанчо Радичевски. Нивниот коалициски партнер ВЛЕН исто така вчера соопшти дека нивни кандидат за градоначалник е Јакуп Хусеини.

Утрово нашата редакција објави кои ќе бидат четирите кандидати во Брвеница:

ПОЗНАТИ ЧЕТВОРИЦАТА КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БРВЕНИЦА: ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН, ДУИ И СДСМ со свои кандидати

Предвремените избори во општина Брвеница се распишани поради ненадејната смрт на градоначалникот Јовица Илиевски.

Жан Митрев