Македонија

МИЛЕ ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ФРЧКОВСКИ: „Со оваа Влада нема играчки“

Миле Лефков најави кривична пријава против Јон Фрчковски и непознати лица, барајќи институциите да ги испитаат јавно објавените наводи.

МИЛЕ ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ФРЧКОВСКИ: „Со оваа Влада нема играчки“

Случајот го префрла од социјалните мрежи во институциите

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, најави дека ќе поднесе кривична пријава до ОЈО ГОКК против Јон Фрчковски и непознати лица. Лефков побара надлежните институции да испитаат што стои зад јавно објавените фотографии и изјави поврзани со наводите за употреба на наркотични средства. Тој посочи дека со пријавата бара да се испита евентуално постоење на дејствија опфатени со членовите 215 и 216 од Кривичниот законик, како и евентуална примена на членот 364.

Миле Лефков: „Ова веќе не е Фејсбук тема“

Во својата реакција Лефков категорично негираше дека некогаш користел наркотични средства и порача дека за своите зборови и постапки стои јавно и одговорно. Тој упати низа обвинувања кон Фрчковски и неговите политички соработници, додека најави дека случајот од понатаму ќе го остави на надлежните институции. „Со оваа Влада нема играчки“, порача Лефков, додавајќи дека доколку институциите утврдат кривично дело и одговорни лица, ќе има одговорност пред закон.