Регион

МИСАЈЛОВСКИ ВО СЛОВЕНИЈА: Средба со македонската дијаспора пред состаноците на министрите за одбрана

cе во Словенија на состаноци на министрите за одбрана, а посетата ја започна со средба со македонската дијаспора во Крањ.

МИСАЈЛОВСКИ ВО СЛОВЕНИЈА: Средба со македонската дијаспора пред состаноците на министрите за одбрана

Присуствуваше на светата литургија во Крањ

Министерот за одбрана Владо Мисајловски од денеска престојува во Словенија, каде што ќе учествува на состаноците на министрите за одбрана во форматите CEDC и KREMS. Пред работниот дел од посетата, Мисајловски во Крањ се сретна со македонската дијаспора. Тој, на покана на Македонската православна црковна општина „Света Троица“ и Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Крањ, присуствуваше на Светата литургија и осветувањето на новата црковна канцеларија.

Мисајловски: Македонците ги чуваат јазикот и традицијата

Мисајловски истакна дека секоја средба со Македонците во дијаспората има посебно значење, бидејќи тие, како што наведе, и далеку од Македонија ги чуваат јазикот, верата и традицијата. Според него, свечениот настан во Крањ е уште еден доказ за врската што македонската дијаспора ја одржува со татковината. Во продолжение на посетата, министерот ќе учествува на состаноците на министрите за одбрана во рамките на CEDC и KREMS.