Регион

Младиќ ќе биде погребан со државни почести во Србија: Одлуката предизвика бурни реакции

Ратко Младиќ ќе биде погребан со целосни државни и воени почести во Србија, потврди министерот за правда Ненад Вујиќ.

Младиќ ќе биде погребан со државни почести во Србија: Одлуката предизвика бурни реакции

Србија најави воени и државни почести

Ратко Младиќ, поранешниот командант на Војската на Република Српска, ќе биде погребан со целосни државни и воени почести во Србија, потврди српскиот министер за правда Ненад Вујиќ. Тој изјави дека како генерал на Младиќ ќе му бидат испочитувани протоколите и почестите кои му следуваат. Српските власти во моментов очекуваат информации од Хаг за процедурите и временската рамка за преземање на телото. Младиќ почина на 27 август во Хаг, каде издржуваше доживотна казна затвор.

Бурни реакции по одлуката

Најавата за државни и воени почести предизвика остри реакции во регионот, особено во Босна и Херцеговина. Младиќ во 2017 година беше осуден на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, а неговата пресуда беше потврдена во 2021 година. Меѓународните судски пресуди го прогласија за одговорен, меѓу другото, за геноцидот во Сребреница и опсадата на Сараево. Додека во Србија и Република Српска дел од политичарите и граѓаните му оддаваат почит, од Сараево и Загреб стигнаа осуди за негово величење.