Скопје

НОВА ЛИНИЈА ВО ЈСП: Повторно ќе вози автобусот со број 37, но со нова траса

НОВА ЛИНИЈА ВО ЈСП: Повторно ќе вози автобусот со број 37, но со нова траса

Претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски, најави враќање на автобусот со број 37, но со нова траса. Тој посочи дека линијата ќе се врати во координација со градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Општина Бутел.

Новата траса за првпат ќе го стави во функција булеварот „Словенечка“ и директно ќе ги поврзува Радишани и Бутел со сите средни училишта во Карпош и Скопје Сити Мол. Димитровски најави дека летово ќе започне промотивен период во кој учениците и родителите ќе можат навреме да се запознаат со возниот ред.

Според најавата, од 1 септември линијата 37 ќе продолжи со редовно функционирање. Тој оцени дека проектот претставува спој меѓу познатиот број од минатото и современата мобилност во Скопје.

Повеќе може да прочитате ТУКА.