Хроника

НОВИ ДЕТАЛИ: Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне во несреќата кај Радишани во која загина 19 годишен мотоциклист

НОВИ ДЕТАЛИ: Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне во несреќата кај Радишани во која загина 19 годишен мотоциклист
Полицијата уапси 46-годишен маж откако било утврдено дека со своето возило учествувал во сообраќајната несреќа кај Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист. При увидот и по обезбедување видеоснимка, полицијата дошла до сознание дека во предизвикувањето на несреќата, но без физички контакт, учествувал и автомобил „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки. Возачот потоа го напуштил местото без да им укаже помош на повредените.
Тој бил пронајден околу 19:40 часот во Арачиново, лишен од слобода и спроведен во полициска станица. Несреќата се случила на улицата „Радишанска“, каде се судриле „алфа ромео“ и мотоцикл „кавасаки“. Од повредите на местото починал 19-годишниот Н.М. од Побожје, додека возачот на автомобилот се здобил со телесни повреди. По целосно документирање на случајот, полицијата најави соодветна пријава.