Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) „ТЕРОРИСТИТЕ ДОБИЈА МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ОНИЕ КОИ ЈА БРАНЕА ДРЖАВАТА“: 25 години од Карпалак, потресно сведоштво на Реган
Во сеќавање на Ацо Јованоски – Реган. Потресно видео.

Денеска се одбележуваат 25 години од масакрот кај Карпалак, еден од најтешките настани од конфликтот во 2001 година. На годишнината повторно „одекнуваат“ зборовите на Ацо Јованоски – Реган, кој на 8 август 2021 година, низ солзи и со болни сеќавања, зборуваше за односот кон бранителите.
„20 години бараме споменик, да не биде цвеќето поставено на банкина. Знаете ли колку случаеви има, колку души се по душевни болници?“, прашуваше Јованоски, посочувајќи дека, според него, терористите добиле многу повеќе од оние кои ја бранеле државата.
Тој тогаш порача и дека медиумите не посветуваат доволно внимание на бранителите и нивните судбини. Реган почина на 12 февруари 2024 година на 73-годишна возраст.
View this post on Instagram
На 8 август 2001 година тој го управувал автобусот од нападнатиот воен конвој, а иако автобусот бил во пламен, успеал да го извлече од местото на нападот и на тој начин да ги спаси преостанатите бранители кои биле во него. Јованоски редовно присуствувал на одбележувањата на годишнината и се залагал за изградба на соодветно спомен-обележје на местото на нападот.
