Магазин

НОВИОТ ЕЕС СИСТЕМ СОЗДАВА МЕТЕЖ НА АЕРОДРОМИТЕ: Патници доцнат и ги пропуштаат летовите

Новиот ЕЕС систем создава долги редици и доцнења на европските аеродроми, па дел од нив повремено ги суспендираат биометриските контроли.

НОВИОТ ЕЕС СИСТЕМ СОЗДАВА МЕТЕЖ НА АЕРОДРОМИТЕ: Патници доцнат и ги пропуштаат летовите

Аеродромите повремено ги суспендираат биометриските контроли

Големите европски аеродроми повремено го деактивираат Системот за влез и излез (ЕЕС) кога редиците стануваат предолги и почнуваат да предизвикуваат доцнења на летовите. Според податоци од аеродроми и авиокомпании, земањето биометриски податоци значително го забавува протокот на патници, особено во летната сезона кога бројот на патувања е најголем. Европската комисија дозволи во вонредни околности контролите привремено да се суспендираат до 6 септември. Девет земји, меѓу кои Италија, Франција, Германија и Грција, веќе побараа оваа можност да остане и по тој датум.

Во Милано само 34 од 156 патници успеале да се качат во авионот

Какви проблеми може да создаде системот покажува случајот на аеродромот Линате во Милано, каде повеќе од 120 патници останале заглавени поради доцнењата на контролите. Од планираните 156 патници на еден лет за Манчестер, само 34 успеале навреме да се качат во авионот. ЕЕС е целосно оперативен од 10 април и ги евидентира влезовите и излезите на државјани од трети земји кои краткорочно престојуваат во европските држави што го применуваат системот. Европската комисија признава дека сè уште има технички проблеми, но очекува по оптимизацијата системот да ги забрза граничните проверки и да ја подобри безбедноста.

ОЗНАКИ: ЕЕС систем