Дознај прв
НОВИОТ МИНИСТЕР СТАНА ТАТКО ПО ВТОРПАТ: Радост во домот на семејството Велковски
Новиот министер Велковски стана татко по вторпат. Михаил доби братче, а семејството е побогато за уште еден член.

Новиот министер Ѓоко Велковски стана татко по вторпат. Убавата вест ја сподели на социјалните мрежи, каде објави дека неговото семејство добило уште еден син. Михаил доби братче, а семејството на Велковски е побогато за уште еден член. Во објавата тој ѝ се заблагодари на сопругата Билјана за љубовта, трпението и силата.
Велковски напиша дека му благодарат на Бог за овој благослов. Тој со реконструкцијата на Владата ќе ја преземе функцијата министер за социјална политика, демографија и млади.
View this post on Instagram
